Основни функции на алармниот систем се: да изврши предупредување на дежурното лице за обид од неовластен влез во штитената зона и да изврши локално или пошироко алармирање.
Во нашиот случај алармирањето односно дојавата ќе се врши во нашиот мониторинг центар кој функционира 24 часа.
Од сите видови на безбедносни системи, алармните системи се најмасовно застапени во понудата и примената. Тие се користат за противпровална заштита на разни објекти, почнувајќи од семејни куќи, продавници, работилници, магацини и слично.